Еден од најдобрите македонски репрезентативци Енис Барди верува дека Македонија ќе одигра поквалитетен дуел и од реализаторски аспект во однос на оној со Финска на утрешниот пријателски натпревар против Азербејџан во Скопје.
„Модерниот фудбал не познава фаворити на терен. Можеби само на хартија. Така ќе пристапиме и на утрешниот натпревар со Азербејџан со максимален ритам од самиот почеток. Ги анализиравме грешките од претходниот натпревар, целта на овие натпревари секако е да се согледаат и корегираат слабостите. Азербејџан е навистина незгоден противник и ќе биде супер-тест. Се работи за компактна екипа, цврста, силна на секој дел од теренот. Но, ако ние одиграме како знаеме верувам дека ќе дојдеме до победа која ни е неопходно за да се подигне атмосферата во репрезентацијата на ниво повисоко, какво што ни е потребно за стартот на квалификациите во март следната година“ – истакна Енис Барди на прес-конференцијата пред утрешниот дуел.
Натпреварот меѓу Македонија и Азербејџан на арената „Тодор Проески“ во Скопје се игра утре (20. ноември) со почеток од 14 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА