ЕКИПА во Љубљана,
Стеван Цаневски
Европското првенство за ракометарки официјално ќе заврши утре, но ЕХФ денеска со завршна прес-конференција го заокружи големиот спортски настан што беше организиран од три земји, Македонија, Словенија и Црна Гора.
Мисијата е успешно реализирана, Македонија беше беспрекорен домаќин на две групи, по една во првата и во главната фаза, за што РФМ повторно доби комплименти од највисокото раководство на европската куќа на ракометот. Претседателот Живко Мукаетов и Генералниот секретар Филип Милошевски беа присутни на денешниот собир во Љубљана, споделувајќи го задоволството од сработеното, но и желбите за уште поголеми успеси во иднина.
Женската репрезентација заврши со три порази, но она што е најважно е враќањето на „црвено-жолтите“ на големите натпреварувања. За противник во ждрепката ја добивме Украина, селекција со која можеме да се надигруваме и да се надеваме дека по едно ЕП, женската селекција на Македонија ќе можеме да ја проследиме и на еден ракометен мундијал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА