Фудбалската репрезентација на Србија се подготвува за првиот дуел на Светското првенство против најтрофејната репрезентација на Мундијалите, Бразил.
Пред мечот кој ќе се игра во четврток со почеток во 20 часот еден од најдобрите фудбалери на „орлите“, Александар Митровиќ пука од самодоверба…
„Многу ми е гајле што размислуваат Бразилците. Фокусот е на нас без оглед кој е ривалот. Бразилците имаат крилја, летаат ли…? Ниту зборувавме за нив, ниту се плашиме. Мислиме за себе и знаеме дека ако сме на ниво, можеме да играме со било кој“, изјави Митровиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА