ШОК ВО ФРАНЦИЈА: Дали актуелниот шампион останува без Бензема на СП?

Француската репрезентација се соочува со нови големи проблеми. Последниот тренинг на актуелниот светски шампион поради повреда го напуштил Карим Бензема. Тој се пожалил на повреда на бутниот мускул поради која веднаш завршил тренингот за него.

Дел од француските медиуми пренесуваат дека повредата не е нималку наивна и дека голема е шансата селекторот Дидие Дешам да остане без неговите услуги за Светското првенство во Катар.

Искусниот фудбалер на „триколорите“ го повреди бутниот мускул на дуелот против Селтик во Лигата на шампиони (ЛШ) и сега стручниот штаб на Франција е загрижен поради новата болка која ја почуствувал Бензема, па најверојатно ќе мора да бара негова замена.

Се вчитува...