Јанг херој на Атланта, Јута продолжува да победува (ВИДЕО)

Тре Јанг повторно беше херој на Атланта Хоукс во домашната победа во трилер натпреварот по продолженија против Торонто од 124-122.

Одличниот бек натпреварот го заврши со 33 поени меѓу кои и клучната асистенција во финишот на мечот за триумф од 124-122. Кај поразените 28 поени уфрли Скоти Барнс.

Јута Џез продолжува со победите откако синоќа славеше на гостувањето кај Портланд Трејлблејзерс со 113-118. Џордан Кларксон со 28 поени беше прво име кај „џезерите“, додека кај Портланд недовлни беа 23 поени на Анферни Симонс.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Индијана – Орландо 114-113, Филаделфија – Минесота 109-112 и Сан Антонио – ЛА Клиперс 119-97.

Се вчитува...