ГОСПОДИН ФУДБАЛ – ДЕН 2: Чаир до Доха и млекарот од „Сан Лоренцо“ … Друже Орсато „намали доживљај“ не ти е ова Јуве

Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 29 дена специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.


Седнат дома наместен со орасници и коњак стар 20 години, го купив Даежон 2002 Корејците кога ги тепаа „жабарите“, каква „жабарска“ кражба беше тој меч. Него знам ние не играме, а го слушам на отворање Владо Јаневски иде онаа „Дај дај ми дај мучо денаро“, a у позадина збори Морган Фримен сум се наежил целиот. Си викам шо ти е Владо „Чаир до Доха“. Замисли у „Шошенк редемпшн“ ликот на Енди Дуфренс место Тим Робинс да го глумеше Владо, каква комбинација ќе беа со Фримен.

Почиње утакмица и одма се изнервирав. Па што е бе она си даваат Екваторијанците чист гол, „жабарот“ од таму офсајд било, абе друже Орсато не ти е ова Јуве, олабај малку. Па уше цртаат линии ВАР правилна одлука била, а ја ти знам местена е. Али и тоа не им помогна. Дојде „млекарот“ од Сан Лоренцо и им даде три гола за пола саат, златен нека идат нека музат камилите, не се овие за фудбал. Валенсија ги измузе ко камила. Се на се убо почнавме…

Златко денеска гледам три утакмици. Жена ми не ја избркав од дома, ме сакала не можела без мене. Шо да праам коа сум неодолив ко Џек Грилиш. Босата нога енглеска ќе играла со Иран. Ајде одиме пак ложење до четвртфинале максимум и ќе им дојде некоја Германија ќе им „тртне“ три и пак ќе плачат. Немаат веќе фудбалери бе. Се е тоа нежно, лигаво, па ко ќе се сетам на Пол Гаскоњ 1998 сам јадеше 40 кебапи и пиеше гајба пиво. Не отиде на Мундијалот во Франција, ама и собата на тогашниот селектор не помина добро. Ееее.. тоа беа играчишта златен, а не сеа да им рече оној со „елеците“ не си на светско овие ќе земат икебана у поклон ќе му донесат. Иран шо знам шо да кажам за Иран друже, мене политика не ме занима, а ко шо глеам таму кај нив нешто протестираат, пустат… Селектор им е оној со Ферги шо помина пола живот, добар тренер друже…

Холандија игра со Сенегал. Тие колонија да не им се на Холанѓаниве а? Кој знае, може се друже. Холандија без Ван Бастен не ми е тоа тоа друже… Имаат ли уше играчи од Суринам а? Сигурно носат, имаат колонии низ светот. Не ми кажа и Сенегал да не им е колонија? Сенегал добар тим. Иако нема она малото брзо да им игра нешто читав со штаки бил… Како се викаше бе, со Салах шо не сакаа топката да си ја подадат? Е, да да, Мане… Добар играч, брз, продорен, ќе им фали. Добра утакмица ќе биде таа. Може Ван Гал ќе мења голман ако стигнат до пенали.

Вечер Америка – Велс. Абе каде Америне и фудбал бе, како го викаа они „сокер“. Нека идат таму нека гледаат она у кратка хеланка шо се облакаат спортот. Постои ли друже тоа чудо уште? Се сеќавам 1994 Мундијалот кај нив коа беше каква бесна џигерица имаше Баџо, па Бебето коа фати да слави раѓање на детето како „нунка“ бебе, а он Бебето, абе лудило колку сме се смееле. Велс, Велс ти е еден играч бе друже, Бејл. Се сеќавам еднаш седиме со Зоки Смилески, знае тука да дојде некад да помуабетиме, тренериште беше Зоки. Него шо ми беше муабетот, а да. Промашуе Бејл чиста шанса за Реал коа играше и Зоки се дере од позади: „Абе види го овој милиони заработува, па шо промашува, ја на моине у Тетекс им викам“. Него, Чоко  да не си го видел, одамна не поминал…

Шефче не те прашав зошто Калински не коментира Светско бе и кај се Таско и Зоки Михајлов? У пензија отишле не сум знаел, ама добри децава на МТВ шо се, добри, ми се свиѓаат, убав пренос сигурно имаат баснословни договори.

Се вчитува...