Лукаку го пропушта почетокот на СП, под знак прашалник неговиот настап во Катар?

Белгиската репрезентација денеска го одржа првиот јавен тренинг во Катар без  напаѓачот Ромелу Лукаку, кој го повреди левиот бутен мускул пред Светското првенство и ќе ги пропушти првите два натпревари во групата Ф, но се надева дека ќе биде подготвен за последниот меч против Хрватска.

Главниот адут на „црвените ѓаволи“, продолжува со опоравувањето според планираното и ќе ги пропушти првите два натпревари во групата Ф – против Канада во среда и Мароко во недела. Лукаку е најдобриот стрелец во историјата на Белгија, на 102 репрезентативни настапи постигна 68 гола.

Белгискиот тренер Роберто Мартинез го повика во тимот, иако на крајот на октомври на натпреварот на Интер против Сампдорија повторно го повреди мускулот на левата нога. По пауза од речиси два месеци, тој се врати на терените во победата на Интер над Викторија Плзен со 4-0 во Лигата на шампионите.

Се вчитува...