Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години загуби со 6-2 од Норвешка во натпревар од 2. коло од квалификациите кои се играат во Скопје за пласман на Европското првенство 2023 година.
Се почна во 4. минута со директниот црвен картон на играчот на гостите Егели. Нашите надежи ја искористија бројчаната надмоќ и до водство дојдоа преку Зенку во 6. минута.
Норвежаните израмнија на 1-1 Нуса во 12, а само четири минути подоцна стигнаа и до шокатно водство од 2-1 со погодокот на Хансен. Во 20. минута „црвено-жолтите“ израмнија на 2-2 преку Трајков. До крајот на првото полувреме Норвешка даде уште два гола и по 45 минути има водство од 4-2.
Во вториот дел Норвежаните со погодоците на Енг во 57. и Генгар во 70. минута стигнаа до конечен триумф од 6-2. Македонија ја очекува уште мечот со Сан Марино преку кој би можеле да бидеме меѓу најдобрите третопласирани екипи кои ќе се пласираат во следната рунда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА