Лука Дончиќ и Стеф Кари беа одлични за своите екипи во синоќешните натпревари од НБА лигата, но со различен краен резултатски ефект.
Голден стејт на гости триумфираше против Хјустон со 120-127. Феноменална ноќ имаа Томпсон и Кари. Томпсон постигна 41 поен, дополнети и со четири скока и три асистенции, а Кари заврши со 33 поени, шест скока и 15 асистенции.
И покрај одличната партија на Дончиќ кој постигна 22 поени, и додаде девет скока и осум асистенции Далас загуби на домашен терен од Денвер со 97-98.
Сакраменто на свој терен славеше против Детроит со 137-129, во меч кој беше одлучен во последната четвртина во која домашните одиграа одлична одбрана. Вашингтон пред своите навивачи триумфираше против Шарлот со 106-102, а Бруклин нетс со 12 поени разлика славеа против Мемфис со 127-115.
Кливленд му одржа лекција на Мајами триумфирајќи со 113-87.
ЛА Лејкерс беа убедливи против Сан Антонио, победувајќи со 123-92.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

