ФИФА однесе победа: Англија и Холандија се откажаа од носење ленти со поддршка за ЛГБТ-популацијата

ФИФА им се закани на капитените и националните федерации во Катар дека ќе бидат казнети ако на терен се појават со лента за поддршка на ЛГБТ-популацијата, па нивните закани вродија со плод.

Капитените на неколку репрезентации, меѓу кои Англија и Холандија, имаа желба на Мундијалот во Катар да носат ленти со порака „Една љубов“ како поддршка за ЛГБТ-популацијата која е дискриминирана во оваа земја.

Но, ФИФА им се закани дека во таков случај капитените уште пред почетокот на мечот ќе добијат жолт картон, а федерациите ќе бидат парично казнети поради прекршување на правилата на ФИФА. Па, на крај и Англичаните и Холанѓаните се откажаа.

„Сложни сме како тим дека сакаме да ја носиме таа лента. Се разговара на оваа тема со ФИФА но ние сакаме да ја носиме таа лента“ – и покрај се вели капитенот на Англија, Хари Кејн.

Слично размислува и капитенот на Холандија, Ван Дајк…

„Кај мене ништо не се менува. Ќе ја носам таа лента. Ако добијам жолт картон, ќе видиме што ќе се случи“ – вели Ван Дајк.

Но, двете федерации веќе најавија дека нема да се носат тие ленти.

Се вчитува...