Брутален нокаут на Муш Аслани против Адам Дарби на 147-настанот во Лондон по што судијата ја прекина борбата по само 15 секунди.
Дарби прими на нозе неколку удари, но судијата го прекина мечот не дозволувајќи да продолжи прогласувајќи технички нокаут.
Залудно Дарби протестираше нагласувајќи дека е спремен да ја продолжи борбата, но веќе беше прекасно…
Early stoppage or not?#CW147 pic.twitter.com/8D69sTfsEE
— UFC FIGHT PASS (@UFCFightPass) November 20, 2022
Киргинстанскиот ММА-борач Исламбек Бактибек Улу, пак, брутално го нокаутираше Русинот Владимир Рудек на „Октагон 37“ кој се одржува во Алмати, Казахстан.
Дуелот на овие тешкаши донесе вистински спектакл, но тоа што се случи во третата рунда долго ќе се прераскажува. Тоа беше брутално уништување на противникот какво досега не е видено. Без дилеми, еден од најстрашните нокаути оваа година…
За киргистанскиот Хулк ова беше деветта борба во професионалната ММА кариера и седма победа. Има и два порази и тоа врзани од 2021 година.
OH MY GOD HEAVYWEIGHT FRONT KICK KNOCKED OUT COLD pic.twitter.com/x7o48jjsYB
— Spinnin Backfist (@SpinninBackfist) November 18, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА