Бонучи: Болеше кога го гледавме отворањето на Мундијалот

Благодарение на Македонија, Италија не успе да обезбеди место во Катар. Во полуфиналето во баражот, Александар Трајковски им „пресуди“ на Италијаните кои не стигнаа до бараж со Португалија, и така останаа без Мундијал.

Залудно се надеваа дека ќе исфрлат некоја репрезентација, за тие да „влетаат“ на нивното место. Тоа не се случи, а Леонардо Бонучи уште еднаш кажа дека е болно да се гледа отворање на Мундијал од ТВ екраните, што Италијаните го прават двапати по ред.

„Разочарани сме и тажни. Ја гледавме церемонијата на отворање на Светското првенство, а тоа многу болеше. Меѓутоа не вреди сега да жалиме, тоа е минато кое не можеме да го смениме, но можеме да гледаме во иднината. Како што изградивме тим за ЕП после разочарувањето од Мундијалот во 2018 година, така можеме и сега“, рече Бонучи.

Италија минатата година го освои Европското првенство со победа на пенали над Англија во финалето.

Се вчитува...