Просинечки: Хрватска тешко дека ќе го повтори успехот од Русија, Србија може да биде големо изненадување

Легендарниот Роберт Просинечки во интервју за српскиот медиум „Мондо“ говореше за шансите на екс-ју претставниците Србија и Хрватска на Светското првенство во Катар.

Поранешниот репрезентативец на Југославија вели дека Хрватска ќе има тешка задача да го повтори успехот од претходното првенство во Русија, а Србија конечно игра тимски.

„Хрватска тешко дека може да го повтори успехот од Русија, но имаат добра репрезентација со добри, млади и искусни играчи. Многу ќе зависи од Лука Модриќ кој е лидер на тимот. Хрватска ќе ја помине групната фаза, а во нокаут-фазата се е можно. Ќе биде интересно првенство за Хрватска“, вели Просинечки кој потоа говореше и за Србија

„Србија имаше многу проблеми, но Пикси добро го состави тимот и Србија изгледа добро и индивидуално и како тим. Верувам дека ќе бидат втори во групата, зад Бразил кој по мене е прв фаворит на турнирот. Србија денеска е друга репрезетнација во однос на претходните турнири на кои имаше добри играчи, но не беше тимска. Како и Хрватска – ако ја поминат групата, се е можно“.

Се вчитува...