Англија максимално ја оправдаа фаворитската улога на Светското првенство 2022 во Катар уште по првото полувреме стекнувајќи се со убедлива предност од 3-0 против Иран во првиот меч од Групата Б.
Тешко почна дуелот за Иранците по тешката повреда на голманот Хосеини и привремената замена уште во 20. минута.
Па, потоа целосна доминација на Англија која победникот на дуелот го реши во период од 35. до 45. минута.
Најпрво во 35. минута со глава одлично погоди Белингам за водство од 1-0, потоа во 43. минута стрелаше Сака за водство од 2-0 а во 45. минута и Стирлинг заокружи со погодок за 3-0 на полувремето.
Во вториот натпревар од оваа група, вечерва од 20 часот играат САД и Велс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА