Англија и Иран на стадионот „Калифа“ играат во рамките од 1. коло во групата Б од Светското првенство. Пред мечот имаше големи турканици пред стадионот на влезовите, поради што илјадници навивачи задоцнија на натпреварот во текот на првиот дел.
До хаосот дојде поради голем технички проблем, односно пад на системот на ФИФА. Сите влезници за СП кои ги имале навивачите на апликацијата на ФИФА исчезнале, па така на крајот редарите без контрола ги пуштаа Англичаните да влезат на стадионот.
Кога се разбрало каде е проблемот, ФИФА им пратила мејл на навивачите, но некои од нив мораа да ги покажат билетите и во физички облик. На почетокот на натпреварот, организаторот реши да ги пушта навивачите без контрола на стадионот.
Ова е уште еден скандал поврзан со фановите, откако се појави информација дека вчера на отворањето на натпреварот Катар – Еквадор имало повеќе фанови од самиот капацитет на стадионот.
FIFA’s ticket app has crashed.
Fans are struggling to get into England’s game against Iran at Khalifa International Stadium.
— Front Office Sports (@FOS) November 21, 2022
England fans just walking in now … no ticket checks at all. @MirrorFootball pic.twitter.com/dpOJjz3KWC
— Andy Lines (@andylines) November 21, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА