Англија немаше милост за Иран на стартот од Мундијалот (ВИДЕО)

Англија максимално ја оправдаа фаворитската улога на старттот од Светското првенство 2022 во Катар триумфирајќи убедливо со 6-2 против Иран во првиот меч од Групата Б.

Тешко почна дуелот за Иранците по тешката повреда на голманот Хосеини и привремената замена уште во 20. минута. Па, потоа целосна доминација на Англија која победникот на дуелот го реши во период од 35. до 45. минута.

Најпрво во 35. минута со глава одлично погоди Белингам за водство од 1-0, потоа во 43. минута стрелаше Сака за водство од 2-0 а во 45. минута и Стирлинг заокружи со погодок за 3-0 на полувремето.

Во второто полувреме, Сака во 62. минута зголеми на 4-0, а Тареми во 45.минута успеа да постигна прв погодок за Иранците на шампионатот. До крајот уште два гола во мрежата на Иран. Нововлезениот Рашфорд по само 49 секунди од влегувањето во игра во 71. минута погоди за 5-1, а Грилиш заокружи на 6-1 во 90. минута. Но, Иран во 103. минута, или 13-та минута од судиското продолжение, од пенал по прегледена ВАР-снимка повторно преку Тареми дојде до конечни 6-2.

Во вториот натпревар од оваа група, вечерва од 20 часот играат САД и Велс.

Се вчитува...