Аргентина со мечот против Саудиска Арабија кој е со почеток во 11 часот ќе го стартува настапот на 22. Светско првенство.
За легендарниот Аргентинец, Лионел Меси ова ќе биде последен Мундијал и последна шанса да стигне до единствениот трофеј кој му недостига во богатата колекција.
„Ова е посебен момент за мене. Многу веројатно е последното Светско првенство и мојата последна шанса да го остварам мојот сон. Сонот на сите нас“, изјави Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА