Навивачите на Саудиска Арабија се вистински хит во Катар (ВИДЕО)

Саудиска Арабија ја приреди првата сензација на Светското првенство во фудбал, откако во првиот натпревар денеска како дел од 1. коло во Ц групата после пресврт славеа над фаворитот Аргентина со 1-2.

Иако Аргентинците поведоа со голот на Лионел Меси од пенал со 1-0 во првото полувреме, во вториот дел Саудијците со два гола стигнаа до најголемата победа во нивната историја.

Сепак, луѓето од оваа земја беа „победници“ уште пред почетокот на мечот. Навивачите од Саудиска Арабија пред стадионот влечеа џиновски коњ.

 

Се вчитува...