Во судиското надополнување на дуелот меѓу Саудиска Арабија и Аргентина, голманот на победничката екипа се судри со својот соиграч, што можеше да заврши трагично, а словенечкиот судија Славко Винчиќ наиде на големи критики.
Голманот на Саудиска Арабија Ал Оваис брутално го нокаутира својот соиграч Ал Шахрани кој остана неподвижен на тревникот.
Во тие моменти вообичаената реакција на главниот судија би требало да биде да ја прекине играта за итна помош на повредениот играч, но словенечкиот судија Славко Винчиќ не го стори тоа. Помина извесно време додека Винчиќ реагираше, а во меѓувреме голманот на победничката екипа беше во шок од се што се случи.
На Ал Шахрани конечно му беше помогнато и беше изнесен од теренот, но словенечкиот судија ќе треба да одговори зошто не ги почитувал правилата на професијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА