Данска и Тунис го одиграа првиот натпревар без голови на ова Светско првенство, откако денеска во натпревар од 1. коло во Д групата ремизираа без голови 0-0. Тунижаните беа подобри во првото полувреме и можат да жалат што не стигнаа до водство по 45 минута.
Данците од негатива ги сочуваа расположениот Каспер Шмајхел на голот и ВАР технологијата која поради офсајд поништи еден погодок на Тунижаните.
Мохамед Драгер уште во 12. минута промаши убава шанса за Тунижаните. Исам Џебали во 23. минута ја затресе мрежата на Данците, но по ВАР голот беше поништен. Истиот фудбалер во 43. минута ја имаше и најубавата шанса, но одлично интервенираше Каспер Шмајхел.
Во вториот дел и двете репрезентации имаа по неколку полушанси, но на крајот мрежите мируваа.
Mohamed Drager (Tunisia) chance against Denmark 12′ from soccer
Issam Jebali (Tunisia) disallowed goal (offside) against Denmark 23′ from soccer
Kasper Schmeichel (Denmark) save against Tunisia 43′ from soccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА