И втор натпревар едноподруго на Светското првенство во Катар заврши без победник. Откако попладнево Данска и Тунис ремизираа 0-0 со ист резултат заврши и натпреварот од 1. коло во групата Ц меѓу Мексико и Полска.
Првото полувреме веројатно беше најслабото во досегашниот тек од шампионатот во кое и двете репрезентации повеќе внимаваа на својот, отколку на противничкиот гол. Единствената шанса во првите 45 минути ја имаше Мексиканецот, Хесус Гаљардо во 28. минута.
Иако немаа никаква шанса дотогаш, првата ѕвезда на Полјаците, Роберт Левандовски во 56. минута беше соборен во шеснаесетникот на Мексиканците. Главниот судија на мечот, Австралиецот Бит прво не досуди пенал, но по проверка на ВАР покажа на „белата точка“. Левандовски биеше лошо и веќе втор пат во низа не успеа да погоди пенал.
Mexico GK Ochoa saves PK from Poland’s Robert Lewandowski. pic.twitter.com/9zkhqAi5F0
— Underdog Soccer (@Underdog_Soccer) November 22, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА