„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МУНДИЈАЛСКАТА МАТЕМАТИКА“ – По Бразилецот Роналдо, Мундијалите добија нов феномен

Фудбалската репрезентација на Мексико го стартуваше Светското првенство со реми без голови против Полска (0-0) во меч од 1. коло во Ц групата. Херој на Мексиканците беше неверојатниот Гиљермо Очоа кој успеа да му одбрани пенал на Роберт Левандовски.

Очоа стана првиот голман на Мексико од 1966 година кој успеал да одбрани пенал на Светски првенства. Очоа го игра својот четврти Мундијал, а светската слава ја доживеа на турнирот во Бразил во 2014 година.

 

Се вчитува...