Манчестер јунајтед и Кристијано Роналдо се договорија да го раскинат договорот, потврдија од клубот од „Олд трафорд“. Роналдо минатата сезона направи кам-бек во Англија. По одличната прва сезона во која беше најдобар стрелец во клубот, тој годинава имаше многу проблеми.
Веќе почна да се шпекулира со иднината на Португалецот. Како што пренесуваат шпанските медиуми негова цел е да продолжи во Англија или да оди во саудискиот фудбал. Португалецот е растргнат меѓу Њукасл и Ал-Наср, клубови чиј сопственик е Мохамед Бин Салман, наследник на тронот на Саудиска Арабија.
Њукасл веќе го посакуваше Роналдо минатото лето, а поради раскинот со Јунајтед тој може да пристигне како слободен агент во следниот зимски трансфер период што ќе се отвори на 2. јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

