Франција без проблеми ја стартуваше одбраната на титулата светски шампион откако во премиерното коло од групата Д славеше над Австралија со 4-1. Австралијците одлично го отворија натпреварот и поведоа со 0-1 во 9. минута со голот на Годвин.
Сепак, тоа беше се што успеаја да направат „кенгурите“. Французите во 27. минута израмнија на 1-1 со погодокот на Рабио, а само пет минути подоцна беше и 2-1 со голот на Оливие Жиру. Со овој резултат се замина на полувреме.
Во вториот дел Килијан Мбапе во 68. минута зголеми на 3-1, додека конечните 4-1 ги постави Оливие Жиру со својот втор гол во 71. минута. Со овие два погодиц напаѓачот на Милан стигна до бројката од 51 во дресот на „триколорите“ со кој се израмни на вечната листа со легендарниот Тјери Анри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА