Белингем има две опции

Играчот од средниот ред на Англија, Џуд Белингем е најбараниот играч на Светот. Тој е една од целите на Реал Мадрид за идната сезона. Против Иран го покажа својот квалитет, и успеа да го постигне првиот гол. Го имаше секаде на теренот, и позади, и напред и во средината… Уште од сега е играч од светска класа, а има само 19 години.

Реал Мадрид веќе стои во редот за потпис на овој 19-годишен фудбалер. Договорот со Дортмунд му е до 2025 година, а „милионерите“ бараат „скромни“ 150 милиони за неговите услуги. Реал Мадрид не е проблем да ја плати таа сума, но сега се вмешаа и други „сили“ за да го вратат играчот од средниот ред во Англија.

Неговиот поранешен соиграч од Борусија, и сегашен член на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд е најсилен адут во обидите Белингем да се пресели на „Етихад“. Токму Реал стравува од можноста Халанд да се вмеша во работата и на крајот играчот од средниот ред да го облече „синиот“ дрес. И за Сити не е проблем да плати 150 милиони за да го добие потписот на големата англиска ѕвезда.

Се вчитува...