Хрватска и Мароко по првите 45 минути играат без голови 0-0 во премиерниот натпревар од Ф групата на Светското првенство во Катар. Иако нема голови, двете репрезентации ни приредија една убаво и со силно темпо прво полувреме.
Иван Перишиќ и Никола Влашиќ ги имаа најдобрите шанси за Хрватите. Прво Перишиќ во 17. минута по една грешка на одбраната одлично биеше од некои 25 метри, но топката заврши над пречката, а потоа Влашиќ во судиското надополнување од непосредна близина одлично биеше, но мароканскиот голман одлично интервенираше. Мароканците исто така имаа неколку полушанси, но на крајот мрежите мируваа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА