Бизарна сцена: Доцнеше второто полувреме поради тоа што никој не знаеше кај е Амрабат (ВИДЕО)

Бизарна сцена се случи пред стартот на второто полувреме на првиот дуел денеска на Светското првенство меѓу Хрватска и Мароко.

Буквално никој не знаеше кај се наоѓа фудбалерот на Мароканците, Софијан Амрабат. Во еден момент дури и селекторот на Мароканците мораше да замине до соблекувалната да види каде се наоѓа неговиот играч.

По неколку минути Амрабат се појави на теренот и второто полувреме можеше да почне.

 

Се вчитува...