Поништен гол на Јапонија, а потоа Германија поведе од пенал (ВИДЕО)

Германија поведе во 33. минута против Јапонија, со голот на Гундоган од пенал, откако голманот на Јапонија стартуваше над Раум. Токму таа десна страна на Јапонија е најпроблематична, па од таму беше направен пеналот, и беше прецизно реализиран.

Инаку Германија доминира во натпреварот, но мечот можеше да има сосема поинаков тек откако Јапонија постигна гол преку Маеда, но истиот беше поништен поради офсајд.

Германија сега дојде до посакуваното водство, и сега ќе им биде многу полесно да играат. Инаку пред средбата Германија на тимската фотографија го искажаа своето незадоволство поради неможноста да играат со шарена капитенска лента во Катар.

Се вчитува...