Минимално водство на Германија на полувреме и по еден поништен гол (ВИДЕО)

И покрај тоа што доминира Германија по првиот дел против Јапонија, има само минимално водство, а лесно можеше да го „прокоцка“ во финишот со оглед дека Маида имаше одлична шанса, но не реализираше.

Гундоган во 33. минута од пенал успеа да реализира и да донесе водство, а голманот на Јапонија Гонда имаше неколку добри интервенции. Маида претходно погоди во мрежата, но голот му беше поништен. Гол постигна и Хаверц во судиското надополнување, но и тој беше поништен поради офсајдр после преглед на ВАР.

Германија заслужено води, но Јапонија покажува дека на моменти може да биде опасна, и прави проблеми на бавната одбрана на Германците, а исто така „елфот“ има проблеми и во средниот ред, па така често игра преку крилните позиции.

Се вчитува...