Јапонците имаа старт од соништата на СП во Катар, земајќи го скалпот на фаворизираната Германија. Со тоа, јапонските фудбалери ги згреаја срцата на илјадници фанови кои допатуваа во Катар за да ги бодрат „самураите“ во една од најтешките групи на мундијалот.
Еден од нив што се најде на стадионот не заборави да му се заблагодари на својот шеф за дозволата да отпатува на СП 2022.
„Фала ти шефе, што ми даде одмор од две седмици“, гласеше транспарентот на јапонскиот навивач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА