Вардар и „Комитите“ приредија фудбалско ужување за Скопје: Спектакл на трибините и триумф над Железничар на јубилејот „75 години црвено-црни“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар и „Комитите“ вечерва на арената „Тодор Проески“ во Скопје приредија вистинско фудбалско ужување за Скопје.

Пред повеќе од 10.000 навивачи на трибините, речиси полна „Јужна“ и загреан „Запад“ со „Комитите“, Вардар со победа од 2-0 против сараевски Железничар ги одбележа јубилеите „75 години ФК Вардар“ и 35 години од формирањето на навивачката група „Комити“.

А, натпреварот симболично беше завршен во 87 минути, во знак на славната 1987 година кога беа формирани „Комитите“ и годината кога Вардар дојде до шампионскиот трофеј во шампионатот на поранешна Југославија.

 

А, свеченоста беше одбележана и со прекрасна кореографија и пиротехничко шоу на „Комитите“, но и специјална програма од „Златните славејчиња“ а дополнета и со доделување признанија за легендите на Вардар и македонскиот фудбал.

На крај, сето тоа заокружено и со извонредно пиротехничко шоу и заедничко славје на актуелните фудбалери на најтрофејниот македонски клуб и „Комитите“. Со заедничка желба „Вардар во најбрзо време да се врати на местото кое го заслужува во македонскиот фудбал“.


Се вчитува...