Денешниот богат ден на Светското првенство ќе го одбележи натпреварот помеѓу Бразил и Србија со почеток од 20 часот. Србите кои по пласманот на Мундијалот славеа со песната „Дајте ни го Бразил да си играме“ сега ги очекува тежок предизвик за забележување на првите бодови во Катар.
Навивачите на двата тима пред мечот се „загреаа“ со партија мал фудбал на аеродромот каде го привлекоа вниманието на останатите минувачи. Србија го доби овој дуел, а дали ќе го добие и тој вечерва останува да видиме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА