„Кралска стотка“ за Партизан во Мадрид, Фенербахче слави и во Милано

Кошаркарите на Партизан гостувањето во Шпанија за двојното коло во Евролигата го завршија со два пораза. Откако загубија од Барселона денеска „црно-белите“ беа поразени и од Реал Мадрид со 105-97.

Партизан беше подобриот противник во поголемиот дел од првото полувреме, во првата четвртина постигна 40 поени, но Реал Мадрид фати ритам во втората четвртина и со серија од 19-2 успеа негативата да ја претвори во предност, а истата не ја испушти до самиот крај на мечот.

Со 20 поени, 6 скока и 6 асистенции Ледеј беше лидер на Партизан, додека Љуљ постигна 20 поени и 3 асистенции за Реал Мадрид.

Фенербахче стигна до деветата победа во 10. коло откако славеше на гостувањето во Милано против Олимпија со 72-82, додека Олимпијакос славеше на домашен терен против Алба со 86-76.

Се вчитува...