Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Патрик Беверли доби суспензија од три натпревари поради физичкиот напад над кошаркарот на Феникс, Деандре Ејтон, објави раководството на НБА лигата која потегот го оцени како „непосртско однесување“.
Инцидентот се случи во последната четвртина од дуелот помеѓу Лејкерс и Санс кога Ејтон му приде на Остин Риверс, а Беверли насилно реагираше и го испрати Ејтон на паркетот. За тоа доби искучување од мечот, а сега и дополнителна казна.
The following was released by the NBA. pic.twitter.com/eKsauMBRKU
— NBA Communications (@NBAPR) November 24, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

