Бруно Фернандеш, играчот на Португалија, и соиграч на Кристијано Роналдо зборуваше за критиките кон капитенот на Португалија кои ги доби непосредно пред почетокот на Мундијалот.
Фернандеш им порача на сите новинари да продолжат да го критикуваат капитенот на Португалија, затоа што тогаш ги прикажува најдобрите партии.
„Тој ужива да работи кога го кириткуваат. Затоа ги молам сите – продолжете со критиките. Го гледаме неговото најдобро издание кога е нападнат“, рече Фернандеш.
Играчот од средниот ред вели дека му е чест да игра заедно со Роналдо.
„Да се игра заедно со Роналдо е остварување на сонот, нешто посебно. Сега за мене е важно Португалија да се претстави што е можно подобро. Само така Роналдо ќе биде среќен, и јас и целата земја истотака“, рече репрезентативецот на Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА