Поради позитивен тест на коронавирус, легендарниот бразилски фудбалер Роналдо мораше да биде ставен во изолација во Доха. Екс репрезентативецот почувствувал благи симптоми, по што се решил да се тестира, и тестот покажал дека е позитивен.
Токму поради тоа, Роналдо не присуствувал на стадионот на вчерашниот меч Бразил – Србија.
„Во средата почувствував благи симптоми, а во четвртокот истите беа посилни. Се решив да направам тестирање за ковид-19 и да ги отстранам сите сомнежи. Тестот се покажа позитивен. Јас сум добро“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.
Не е познато дали Роналдо ќе може да ја следи неговата репрезентација и на дуелот со Швајцарија во понеделник.
Ronaldo isolated in Qatar hotel due to coronavirus https://t.co/lJltvLDVyX
— Releases Point (@ReleasesPoint) November 24, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА