Еквадор стигна до заслужено израмнување на дуелот со Холандија, откако Енер Валенсија се најде на вистинското место на самиот старт од второто полувреме и ја затресе мрежата на „лалињата“.
Холанѓаните застанаа по водечкиот гол во раната фаза од мечот, Еквадорците ја презедоа контролата над средината на теренот, а борбеноста и упорноста им се исплатеше на самиот почеток од вториот дел.
Се почна од една загубена топка на Тимбер на триесетина метри од холандскиот гол, по што Еквадор експресно создаде ситуација за гол, холандскиот голман го запре првиот обид, но беше немоќен кога Валенсија натрча и од пет метри ја смести топката во мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА