Поранешниот бразилски УФЦ борец, Пауло Коста познат по надимакот „Бришач“ ја запрепасти јавноста во јужноамериканската држава со својот статус на социјалните медиуми кој се однесува на репрезентацијата која настапува на Светското првенство во Катар.
Коста вели дека за разлика од 2002 година кога Бразил стана светски шампион со дилери на дрога и еб**и на транвестити, денеска во своите редови има премногу „мекуши“.
„Репрезентацијата на Бразил имаше респект кога имаше дилери на дрога кои ги правеа забавите интересни и е**ч на транвестити како Роналд во 2006 и 2002 година. Сега сите тие се феминисти или се извинуваат дека се стрејт белци. Тие не можат да го освојат Светското првенство извинете. Вратете ги старите добри времиња“, стои во објавата на Коста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА