Македонската женска кошаркарска репрезентација во четвртото коло од квалификациите за Евробаскетот 2023 силите ќе си ги одмери против Германија в недела во СРЦ „Кале“ со почеток од 19 часот.
А, за оваа средба раководството на „куќата на кошарката“ одлучи да ги „отвори вратите“ и ги покани сите љубители на кошарката да и дадат поддршка нашите репрезентативки во тешката битка за триумф против фаворизираниот противник.
„На 27. ноември, во салата на СРЦ „Кале“ ни гостува една до најдобрите репрезентации на европскиот континент, Германија. За таа цел, и во оваа прилика, Македонската федерација ги повикува сите искрени љубители на кошарката, и фанови на нашата најдобра женска репрезентација да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на девојките во овој натпревар, за кој влезот ќе биде слободен“, стои во објавата на КФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА