Полска има предност од 1-0 на полувреме од натпреварот против Саудиска Арабија на Светското првенство во Катар. Во возбудливиот натпревар со многу шанси на двете страни, брни беа завршните минути од првото полуврме во кои Полска поведе преку Зјелински, а Шчешни одбрани пенал.
Во 39. минута на асистенција на Левандовски соиграчот на Елиф Елмас успеа да го совлада саудискиот голман, а откако Ал Шехри падна во шестнаестникот во 43. минута, Ал Давсари не успеа да го совлада полскиот голман од белата точка, а Полјакот успеа да го одбрани и ударот од одбиената топка.
Zieliński scores after a great effort and assist from Lewandowski
🇵🇱 Poland 1-0 Saudi Arabia 🇸🇦pic.twitter.com/0UpFMtG8j4
— FIFA World Cup 2022 (@2022_QatarWC) November 26, 2022
Insane double save from Szczesny 🇵🇱 pic.twitter.com/gEIADqcyz7
— World Cup Updates (@wc22updates) November 26, 2022
Како потсетување, Саудиска Арабија имаше негатива од еден гол на полувремето и од мечот против Аргентина, но во вторите 45. минута успеаја да направат целосен пресврт. Такво нешто повторно ќе им биде потребно за радост против Полска и пласман во следната фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА