Струга ТЛ триумфираше со 1-2 на гостувањето против Силекс во Кратово во првиот натпревар од 16. коло во ПМФЛ, низ еден тензичен дуел кој стартуваше нервозно уште по водството на гостите во 10. минута а потоа и со исклучувањето на Арсим Љамаљари кај домашните во 21. минута.
Тензијата се провлече низ текот на сите 90 минути, а некако кулминираше по последниот судиски свиреж.
По последната судиска свирка, апсолутно непотребни првокации со вулгарни гестикулации од страна на фудбалерот на Струга ТЛ, Бесмир Бојку, кон домашните фудбалери што наиде на жесток револт од кратовци и веднаш меѓусебен судир меѓу играчите на двата тима.
Членови на стручниот штаб на стружани брзо го повлекоа Бојку кон соблекувалните за да не се разгоруваат страстите, за да на крај се мине без посериозен инцидент…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

