Канадскиот селектор сега има пофални зборови за Хрватска

Хрватска не успеа да слави во првиот натпревар на Светското првенство во Катар па вицешампионот првите три бода ќе ги бара на утрешниот натпревар против Канада. Истиот немаше да биде во центарот на вниманието на јавноста доколку не беше жестоката изјава на канадскиот селектор Џон Хердман кој изјави дека ќе ја е*е Хрватска.

А, стратегот на денешната пресконференција не се покаја за зборовите, за „фамата“ вели дека се криви новинарите, а тој има само убави спомени и пофални зборови за поранешната југословенска држава.

„Мојата изјава? Тоа го истакнаа медиумите и направија од тоа голема приказна. Кога жена ви ќе ви прати порака знаете дека се случува нешто со нив. Сепак не би говорел многу за тоа. Работиме напорно и подготвени сме за Хрватска. Таму патував три години за да го гледам мојот син. Тоа е друго ниво на фудбал. Начинот на кој се работи таму мене многу ми помогна во кариерата. Јас сум роден во Англија и работев таму во академија, но во Загреб имав контакт со ниво кое дотогаш го немав видено. Толку страст, енергија и знаење“, вели Хердман.

Провокација кон Хердман неодамна имаше и хрватскиот весник „24 часа“ кој на главната страна објави монтажа на неговата глава на голо тело насловувајќи „Јазик имаш, имаш ли м*да?“

Се вчитува...