Меч за историја: Меси стигна до два рекорди со перфекцијата против Мексико

Секогаш кога е најтешко, Лионел Меси е тука да погоди за Аргентина и да ја предводи оваа репрезентација на големите натпреварувања.

Така беше и на синоќешниот дуел со Мексико, на кој соочени со елиминација Аргентинците се свртеа кон својот најдобар играч, а тој со еден гол и една асистенција им ја донесе победата со која се чекор поблиску до осминафиналето.

ОДличното издание во Катар му донесе на Меси и два нови рекорди. Тој стана прв фудбалер кој асистирал гол на пет различни светски шампионати, воедно Лео е и највозрасниот играч во историјата што на еден мундијалски меч имал гол и асистенција, правејќи го тоа на возраст од 35 години и 155 дена. Интересно, Меси на СП2006 стана и најмлад фудбалер со гол и асистенција на еден натпревар, правејќи го тоа на дуелот со Србија на 18 години и 357 дена.

Се вчитува...