Оливие Жиру на стартот од овој светски шампионат успеа да се израмни со легендарниот Тиери Анри како најдобар стрелец во историјата на француската репрезентација.
Тој во изјава во пресрет на дуелот со Тунис обелодени дека добил порака со честитка од Анри не само при овој рекорден погодок, туку и при многу претходни голови што Жиру ги постигнува во националниот тим.
„Порака од Тиери Анри? Тој има навика, секогаш кога ќе дадам гол, да ми испрати порака и да ми честита. Можам да кажам дека ми е големо задоволство кога легенда како Анри ќе ми испрати такво нешто“, изјави Жиру.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА