Дејвис-купот доби нов изненадувачки шампион откако репрезентацијата на Канада успеа да триумфира во ова меѓународно тениско натпреварување, за првпат во историјата на оваа земја.
Она што е интересно, Канаѓаните беа елиминирани во квалификациите од Дејвис-купот, но потоа беа дополнително вклучени како замена за Русија, која беше суспендирана поради воениот конфликт во Украина.
Во големото финале Канада што се одржа во Малага селекцијата на Канада се сретна со Австралија, победувајќи со 2-0. Клучната победа што значеше титула ја донесе Феликс Оже Алиасим, кој славеше со 6-3, 6-4 над Алекс де Минаур, за огромна радост на Канаѓаните и кревање на големиот пехар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА