Центарот на Брисел изгледаше како воена зона попладнево, по големиот триумф на мароканската репрезентација над Белгија во второто коло од СП во Бразил.
Во белгискиот главен град живеат илјадници марокански доселеници, а стотина од нив приредија вистински хаос, откако при прославата почнале со палење на автомобили и скутери низ улиците на Брисел.
Дваесетина минути биле потребни за полициските сили да интервенираат, кратко време по улиците владеела војна по што органите на редот ги уапсиле лицата виновни за хаосот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА