Бразилскиот селектор Тите јавно побара од мундијалските арбитри поголема заштита за неговите фудбалери, откако по премиерниот дуел со Србија повреди заработија Нејмар и Данило.
Нејмар беше особено мета на српските дефанзивци, со серија груби стартови врз асот на ПСЖ поради кои тој нема да може да настапи на утрешниот натпревар против Швајцарија.
„Ако сакате да ја промовирате убавината на фудбалот, вакви работи не смеат да се дозволат. Јадеме премногу ќотек, а противниците обично таргетираат еден или двајца фудбалери и грубо стартуваат врз нив, што е далеку од некакво спортско однесување. Секој може да има тактика каква што ќе замисли, но судиите се тука за да не дозволат бруталности на теренот“, изјави Тите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА