Женската репрезентација на Македонија претрпе нов пораз во квалификациите за Евробаскет, но со значително подобрен впечаток по оној катастрофален пораз од Белгија од пред неколку дена.
Германките се мачеа да ја оправдаат фаворитската улога, во втората четвртина постигнаа само девет поени (19-9 за Македонија), а нашите репрезентативки беа не само достоен, туку и подобар ривал се до пред самиот крај на третата четвртина.
Вистинска штета е што мечот не траеше три четвртини, бидејќи последните десет минути се покажаа кобни за нашиот состав, кој постигна само три поени во цела четвртина, на крајот незаслужено губејќи со убедливи „минус 23“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА