Голманот на канадската репрезентација, Милан Борјан вчера доби сериозни навреди од страна на хрватските навивачи за време на натпреварот со Хрватска, на кој Канада загуби со 4-1 и е втора репрезентација, по домаќинот Катар, која по два натпревари ги заврши натпреварите на Мундијалот.
Борјан, кој има српски корени и е голман на белградска Црвена Звезда, пред неколку години изјави дека Книн и Далмација, каде е роден и самиот, ги смета за делови од Србија а не од Хрватска. Па на вчерашниот дуел доби постојано скандирање „усташ, усташ“ од хрватските навивачи на што им одговори со подигнување три прста.
По мечот, бројот на неговиот телефон масовно се ширеше на социјалните мрежи, па српски „Телеграф“ пренесека дека му пристигнале повеќе од 2.500 пораки од хрватски навивачи. Сето тоа го коментираше и самиот Борјан…
„Па тоа само покажува за какви луѓе станува збор, примитивци. Нема што друго да коментирам, тоа зборува за нив. Слушнав и на натпреварот дека постојано викаа, навредуваа, но пак ќе кажам дека тоа зборува само за нив и сигурно треба малку да поработат малку на себе и на своето семејно воспитување. Очигледно имаат огромни фрустрации по дома, па тоа го исфрлаат вака кон други лица кои не ги ни знаат“ – истакна Борјан по мечот со Хрватска, притоа дополнувајќи:
„А на хрватската репрезентација и посакувам се најдобро, одиграа одличен меч. Тоа е фудбалот, ова е убаво искуство за канадската репрезентација која после 36 години првпат се најде на СП. Жал ми е што загубивме со таква разлика, но одиме понатаму“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА