Камерунците избришаа клучен играч пред мечот со Србија

Камерун ќе биде сериозно ослабен за денешниот клучен натпревар против Србија, откако првиот голман Андре Онана беше отстранет од составот поради прекршување на дисциплинскиот правилник во националниот тим.

Онана, кој брани за калчолигашот Интер, важи за една од најголемите ѕвезди во камерунскиот состав, но селекторот решил воопшто да не смета на неговите услуги за денешниот дуел, на кој Камерун не смее да си дозволи пораз.

Деталите околу причините за отстранувањето на Онана не се обелоденети во јавноста, а речиси сигурно е дека поранешниот капитен на Ајакс ќе го пропушти и третиот меч на својата репрезентација во групната фаза, против големиот фаворит Бразил.

Се вчитува...